УЕФА со казна за Македонија поради исвиркување на химната на Англија!

551

УЕФА официјално објави дека ФФМ парично е казнета со 15.000 евра поради исвиркување на химната на Англија од страна на дел од фановите пред мечот во квалификациите за ЕУРО 2024 одигран во Скопје во ноември минатата година.

Па така според членот 16., Фудбалската федерација на Македонија ќе мора да плати 15.000 евра.

Да потсетиме дека на тој натпревар избраниците на селекторот Благоја Милевски одиграа 1:1 против големиот фаворит.

Интересно беше што кога почнаа свирежите од трибините, тоа беа дел од фановите на Арената во Скопје, капитенот Енис Барди се сврти и побара од фановите свирежите да престанат и тоа и се случи.

ПретходноДанците се “чуваа“, Словенија победи и ќе игра за 5.место на ЕУРО 2024!
СледноДимитријевиќ со седум поени во победата на Уникс Казан!