Десниот бек на Њукасл, Киран Трипие нема да ги менува клупските бои туку ќе остане во Англија и покрај интересот на Баерн Минхен, пишува новинарот Фабрицио Романо. Според него, позицијата на Њукасл е цврста – Трипие нема да биде продаден во зимскиот преоден рок и покрај тоа што Баерн притиска за трансфер.
Со тоа Баерн ќе мора да се фокусира на бек од друга средина. Неофицијално интерес има за Норди Мукиеле од Пари Сен Жермен. „Баварците“ се заинтересирани и за Араухо од Барселона.