Официјално: Лазаревски во Вардар до 2026!

285

Пивотменот Милан Лазаревски ќе остане во Вардар најмалку до 2026 година откако и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“. Повеќекратниот македонски првак и репрезентативецот на Македонија соработуваат две години, а клубот беше задоволен од настапите и двте страни брзо се договорија за продолжување на верноста.May be an image of 2 people and people playing football

Лазаревски кој за две седмици ќе го прослави својот 24 роденден, сезонава е еден од предводниците во тимот, и со своите игри се наметна и во репрезентацијата на Македонија. Настапи на ЕП што сега се одржува во Германија, а каде Македонија играше во групната фаза.

Одличните игри, и во одбрана и во напад го ставија на пиедесталот како еден од најдобрите пивотмени во Македонија.

Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар. Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи. Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб и управата на клубот. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице. Мое е задоволството што ќе бидат дел од таа приказна, вели Милан Лазаревски.

ПретходноТурски медиуми: Трабзон добил две понуди за Барди!
СледноПријателска: Тиквеш поразен од Детонит!