Уште едно фантастично издание на Никола Јокиќ, нов трипл-дабл и победа на неговиот Денвер на гости кај Индијана со 114:109. “Пејсерси“ имаа предност и тоа каква, но Србинот едноставно ги уништи домашните со своето фантастично издание.
Којзнае Јокиќ беше екстра мотивиран ако се знае на каков начин Индијага го претстави Србинот.
Сите ја знаат неговата страст кон коњите, но да го претставиш како “Професионален тренер на коњи“ се чини дека е премногу.
Како што се гледа од фотографијата се чини дека Индијана направи фатална грешка.