Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, со нова спектакуларна партија го предводеше Денвер до победа. Нагетси на гостувањето кај Индијана славеа со 114-109, а јунак на мечот беше Јокиќ, го запиша 118 трипл-дабл и постигна тројка за победа. На седум секунди до крајот, при 111-109, српскиот кошаркар ја превзема одговорноста.
На крајот зад своето име запиша 31 поен, 13 скока и 10 асистенции. Ова е 13-ти трипл-дабл за Никола сезонава, а вкупно 118-ти, не сметајќи го плеј-офот. Уште едно големо достигнување е тоа што српскиот центар успеа да забележи трипл-дабл против 28 од 29 екипи од лигата, единствено што му остана тоа беше против Вашингтон.
Мареј имаше 31 поен, осум скока и седум асистенции. На другата страна, Тарнер беше стрелец на 22 поени.
🗡 https://t.co/GQw4nCjq3T pic.twitter.com/ue8o0la9Tq
— Denver Nuggets (@nuggets) January 24, 2024
Check it off the list 📝 pic.twitter.com/ilNquhQF2c
— Denver Nuggets (@nuggets) January 24, 2024
Резултати: Индијана – Денвер 109-114, Бруклин – Њујорк 103-108, Њу Орлеанс – Јута 153-124, Оклахома – Портланд 111-109, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 127-116.