Инзнедување или сензација, но дали е така навистина? Имено Александер Зверев во последното четвртфинале на АО, успеа да го победи Карлос Алкараз со 3:1 во сетови и со тоа да си обезбеди полуфинален дуел против Данил Мадведев. Втората полуфинална двојка е Ѓоковиќ – Синер.
Уште на стартот од мечот во Мелбурн се виде дека Шпанецот едноставно нема никакви шанса, Германецот беше маестрален.
Првиот сет Зверев го доби со 6:1, во вториот сет беше 6:1 а во третиот? Е тогаш на сцена стапи Карлито, иако губеше со 1:4 во гемови сепак сетот го доби во тајбрејкот, во тие моменти како Германецот да застана.
Во четвртиот сет Зверев повторно одигра квалитетно и со 6:4 во гемови го доби сетот а со тоа и мечот.
Убав и квалитетн меч кој траеше 3 часа и 8 минути.