Бензема успеа да го уништи трансферот од соништата на Ал Итихад

8161

Карим Бензема е главна тема на фудбалската јавност овој јануари откако предизвика скандал на Ал Итихад и изјави дека сака да ја напушти Саудиска Арабија. Челниците на овој клуб се револтирани од однесувањето на Бензема, кој на тој начин уништи неверојатен трансфер за овој клуб.

Бензема поради влијанието на јавноста ги избриша своите профили од социјалните мрежи и замина на одмор, а беше суспендиран бидејќи доцнеше 17 дена на подготовките на Ал Итихад. Тој не крие дека сака да го напушти клубот, но челниците на Ал Итихад не сакаат да го пуштат човекот на кој потрошиле над 200 милиони евра само така.

Сепак, покрај проблемите и турбуленциите во соблекувалната, Бензема им создаде уште една главоболка на челниците на Ал Итихад која воопшто не ја очекуваа.

Познато е дека Ал Итихад со месеци „флертува“ со Мохамед Салах и се обидува да го доведе Египјанецот. Очигледно преговорите оделе во добра насока и се подготвуваше теренот за пристигнувањето на Салах, но како што стојат работите нема да има ништо од тоа.

Англиските медиуми пишуваат дека Салах видел што се случува со Бензема на Ал Итихад и не сака да го доживее, поради што наводно се откажал од какви било преговори со тој клуб.

Челниците на Ал Итихад беа разочарани од потегот на Салах бидејќи мислеа дека трансферот е веќе договорен и веруваа дека донеле уште една голема ѕвезда, но се се сруши преку ноќ како куќа од карти.

Салах сфатил дека во Саудиска Арабија не е сè толку магично како што изгледа, а тоа покрај Бензема го виде и во примерите на поранешните соиграчи Џордан Хендерсон и Роберто Фирмино, кои по само неколку месеци ја напуштија таа земја и се вратија во Европа.

Сето ова многу му оди во прилог на Ливерпул, кој не сака да го загуби својот најдобар играч и на „Енфилд“ веќе подготвува нов договор за 31-годишниот Египќанец.

ПретходноПо повеќе од четири часа битка, Медведев завери полуфинале во Мелбурн
СледноНавивачот кој на расна основа го навреди голманот на Милан ја доби најлошата казна!