Исланд го згасна полуфиналниот сон на Австрија

167

Првиот меч во „Ланксес Арена“ во рамките на последното коло од групата 1 даде одличен вовед. Во меч со бројни пресврт Исланд ја совлада Австрија со 24-26 и го згасна сонот за полуфинале на момците на Алеш Пајовиќ.

Сега Австрија, Исланд и Унгарија имаат по четири бода, но кој ќе заврши на третото место ќе зависи од останатите средби. Унгарија игра со Франција и се надева на чудо, додека во последниот меч, Германија ќе ги одмери силите со Хрватска. Домаќинот се надева на победа за полуфинале.

Мечот почна изедначено, со мал број на голови. Вака беше до 22 минута кога Исланд со серија од 6-0 поведе со 8-14, резултат со кој двата тима заминаа на одморот. Австрија во овој период цели осум минути беше без гол.

Иако имаа голема негатива, сепак избраниците на Алеш Пајовиќ се издигнаа, со серија од 8-1 приредија пресврт и го вратија водството после долго време (16-15) во 43 минута. На другата страна Самарсон го постигна вториот гол во овој период за 16-16.

Исланд дојде на плус два 21-23, но противникот успеа да израмни (23-23) и да ја врати неизвеноста во последните пет минути. Исланд остана без играч помалку, Палмарсон даде важен гол, а Австрија не искористи две шанси да израмни. Местл не дозволи плус два, Палмарсон заработи две минути. Живковиќ направи грешка, Гудјонсон реализираше за 23-25 во 58. минута. Вебер намали на 24-25, а во следниот напад на противникот преку Кристијансон повторно зголеми на 24-26. Австрија остана со играч помалку, Живковиќ повторно згреши, тоа го стори и Палмарсон. Не остана време за целосен пресврт.

Вагнер имаше седум гола кај Австрија, на другата страна Гудјонсон имаше осум погодоци, еден помалку запиша Палмарсон.

ПретходноГостивар имаше водство против Крила Советов, на крајот беше убедливо поразен! (ВИДЕО)
СледноШвајц сите го бараат, а на крај никој!