Миленкоски испиша историја: ПАОК првпат го освои Суперкупот на Грција

249

Селекторот на нашата одбојкарска репрезентација и најтрофеен одбојкарски тренер на овие простори, Јошко Миленкоски, својата колекција признанија ја зголеми и со нов трофеј на клупата на грчки ПАОК. Попладнево, екипата од Солун во исклучително драматичен меч славеше над шампионот Олимпијакос со 3:2 и тоа на гости во Атина и го освои Суперкупот на Грција.

Миленкоски веќе втора сезона е на клупата на ПАОК, тим кој минатата сезона го однесе до трофејот од Купот, а се бореше и за шампионската титула. Оваа година, иако резултатски не почна добро, по стабилизацијата на ростерот, ПАОК почна да реди победи, по што дојде и денешниот трофеј во Суперкупот.

За тимот од Солун ова е историски прв трофеј од ова натпреварување.

ПретходноШпанското ГП од 2026 година се сeли во Мадрид
СледноИ Алжирците му удирија „клоца“ на селекторот