Миовски со 10-ти гол сезонава во дресот на Абердин

798

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски продолжува да ги решета мрежите на противниците во шкотскиот шампионат.

Бојан вечерва го постигна својот 10-ти гол оваа сезона во Премиерлигата на Шкотска, откако стрелаше од пенал во 62-та минута против екипата на Ст. Џонстон во 21-то коло.

Голот на нашиот репрезентативец не беше доволен за победа на Абердин и мечот заврши со нерешен исход 1:1.

ПретходноБаерн минимално против У. Берлин (ВИДЕО)
СледноЛиверпул со реми против Фулам до финале во Карабао Купот (ВИДЕО)