Невидена еуфорија владее во Сплит. Прво по потписот на Иван Перишиќ а после и по вчерашниот пораз на Динамо на “Максимир“ од Локомотива.
Токму затоа за мечот со Ријека во недела од 17:45 часот, пламнале сите билети а тоа значи дека на трибините на “Пољуд“ ќе има најмалку 30.000 фанови.
Интересно, сите билети се продадени е не доаѓа Динамо Загреб.
„Ма, кој Динамо. Сега дерби е Хајдук – Ријека“ велат фановите на “билите“.
Инаку Хајдук за последен пат освои титула во ХНЛ во далечната 2005 година.
“Оставите некој билет и за мене“ се огласи и Перишиќ на социјалните мрежи.
Ова значи дека Алекс и другарите в недела ќе имаат и тоа каква поддршка од преполните трибини.