Менаџерот на Челзи, Маурицио Покетино, беше полн со пофалби за својот тим по нивната уникатна победа над Мидлсброу во реваншот од полуфиналето на Карабао купот. „Сините“ од Лондон се наметнаа со убедливи 6:1 и во финалето го чекаат победникот од двојката Ливерпул – Фулам.
„Сè оди одлично. Не можам да се пожалам, луѓето само треба да ни веруваат. Нашиот тим е млад и ќе продолжи да се развива. Имаме менталитет, само ни треба време.
Градиме нов проект и постојано се движиме нагоре. Навистина сум среќен со оваа победа. Беше важно за момците кои сеуште немаат големо искуство. Амбициозни сме да го освоиме трофејот“, Покетино.
Челзи вторпат во последните три години ќе игра во финалето на Карабао купот. Тимот победи на пет од последните 6 натпревари со гол разлика 16:4 и почнува да ја покажува константноста што ја сака Покетино.