Продолжува сагата околу тоа дали капитенот на репрезентацијата на Македонија, Енис Барди и во наредниот период ќе го носи дресот на Трабзонспор или пак ќе си замине, или пак ќе биде позајмен.
Во изминатите два месеци се изначитавме разни најави за тоа каде Барди би можел да игра во иднина, а најновата е таа, баре, според турските медиуми како Haber61.net кој синоќа известува дека Трабзонспор деновиве добил две официјални понуди за Барди, но не се кажува од кои клубови се тие.