ТФТ со победа против ФМП Академија

56

Кошаркарите на ТФТ врза две победи во стартните две кола во новата 2024 година во домашното првенство, откако попладнево со убедливи 62:90 славеа на гостувањето против ФМП Академија. Ова беше деветта победа сезонава за составот од Тафталиџе, со која тимот ги зацврсува своите позиции на местата кои водат во плеј-офот.

Со доминантно прво полувреме, моцмците на Боро Смилковски практично го решија мечот за 20 минути. ТФТ на одмор отиде со предност од +20 (26:46), што јасно покажа дека ФМП неа што да бара на оваа средба.

Одлична партија имаа Амриканците Калхун и Хотон, кои заедно со Зафиров беа и најефикасни на паркетот кај гостите. Зафиров беше најдобар поентер со 19 поени, Калхун мечот го заврши со 16, а Хотон имаше 14 поени. Нилд со 20 поени беше најефикасен кај ФМП Академија.

ПретходноФранција ја „среди“ и Унгарија и ја лансираше Германија во полуфинале
СледноШпанското ГП од 2026 година се сeли во Мадрид