Комична сцена меѓу сопругата на претседателот на Франција Емануел Макрон, Брижит и селекторот на „триколорите“ Дидие Дешамп.
Имено Брижит и Дидие биле во заедничка посета на Универзитетската болница во Ремс во посета на болните дечиња.
Во еден момент таа го запрашала селекторот зошто во репрезентацијата не е повикан играч на Ремс, иако според неа имало таму еден што бил навистина добар. И кажале дека веројатно мисли на Јунџи Ито.
“Да, да, тој Јапонецот е многу добар, зошто не е во репрезентацијата?“ прашала Брижит.
На ова Дешамп кисело се насмевнал и одговорил учтиво?
“Госпоѓо, тој не е во репрезентацијата на Франција зошто е Јапонец“!
На ова сите се насмеале.
Претседателот Макрон веројатно ќе има што да и каже на својата далеку повозрасна сопруга после овој нејзин гаф.