Франција ја „среди“ и Унгарија и ја лансираше Германија во полуфинале

161

Франциија со пет максимални победи ја заврши втората фаза на ЕП, откако вечерва во Келн славеше и над Унгарија со 35:32 во последното коло од групата „1“. Унгарците кои се бореа за место во полуфиналето, со овој пораз ги загубија сите шанси, па Германија без разлика на епилогот на мечот со Хрватска им се прикличи на Данска, Шведска и Франција во полуфиналната битка.

Унгарците вечерва го претрпеа само вториот пораз во пресметките со Франција на европските шампионати. Освен во воведните 10-тина минути кога имаа предност, Унгарците во комплетниот тек на дуелот беа во негатива. Франција на крилата на Ремили кој опостигна 7 гола и Дика Мем со 6 успеа да ја зацврсти својата позиција на врвот на табелата. Кај Унгарија денеска Банхиди и Роста со по 5 гола беа најефикасни.

ПретходноЧеферин повторно удри по Сити: „Знам дека бевме во право“!
СледноТФТ со победа против ФМП Академија