Чеферин повторно удри по Сити: „Знам дека бевме во право“!

1244

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин уште еднаш кажа дека биле во право во врска со казната за Манчестер Сити. Да се потсетиме дека поради кршење на финансискиот фер – плеј, УЕФА го казни Сити со две години забрана за настап во Европа како и со 30 милиони евра.

Сепак Сити мина одлично откако Судот за спортска арбитража пресуди дека овој клуб мора да плати само 10 милиони евра и дека може да игра во Европа.

Знам дека бевме во право, да не бевме секако дека немаше да донесе таква одлука. Не сакам веќе да говорам за овој случај, но верувам дека одлуката на нашето независно тело беше исправна“рече покрај другото Чеферин.

ПретходноНеверојатно: Хајдук го распродаде “Пољуд“, а не доаѓа Динамо!
СледноФранција ја „среди“ и Унгарија и ја лансираше Германија во полуфинале