Се чини дека Марјан Ристовски – Швајц оваа зима нема да прави трансфер. Иако неговото име беше посочувано како засилување во Брера, Гостивар, Шкендија, а и во некои други клубови, се чини дека сакал – нејќел ќе мора да остане во Кратово.
Инаку не е тајна дека Швајц не е во добри односи со раководството на Силекс по оној меч во Ѓорче. Имаше понуди или тоа беа спинови, дознаваме дека тој пред некој ден бил блиску до потпис со еден наш клуб, за тоа дале “виза“ и првите луѓе на Силекс, но и таа работа пропаднала.
Сега останува да се види што со Швајц, што ќе биде натаму. Ако остане во Силекс каков ќе биде неговиот статус, а ако си оди каде би одел.
На крајот излегува дека него сите го бараат, а на крај никој не го бара.
Инаку Ристовски е под договор со Силекс до крајот на годината.