Гостивар имаше водство против Крила Советов, на крајот беше убедливо поразен! (ВИДЕО)

1974

Втор меч во Анталија и прв пораз за Гостивар на пријателските средби во овој познат спортско – туристички центар во Турција. Имено попладнево амбициозниот член на ПМФЛ, беше поразен од Крила Советов со 1:3. Тоа е клуб од елитната лига во Русија.

Со голот на Иван Ивановски во таа 19.минута, Гостиварци имаа водство кое го држеа се до 71.минута кога Карпитски успеа да израмни на 1:1. За водство од 1:2 за тимот од Русија ги постави гол постигна Салтјуков од пенал во таа 74.минута. Во последните секунди Русите постигнаа уште еден погодок за конечни 1:3.

ПретходноСи бега од С. Арабија: СМС во Јуве, ама на лето?!
СледноИсланд го згасна полуфиналниот сон на Австрија