И Алжирците му удирија „клоца“ на селекторот

338

Претседателот на Алжирската фудбалска федерација, Валид Сади изјави дека Џамел Белмади е разрешен од селекторската функција на националниот тим по елиминацијата од Купот на Африканските нации.

„Постигнавме заеднички договор за раскинување на договорот со Алжирската фудбалска федерација. Му благодариме на селекторот за се што направи за репрезентацијата и му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера“, напиша Сади на социјалната мрежа Х.

Алжир заврши на последното место во групата Д со Ангола, Буркина Фасо и Мавританија.

ПретходноМиленкоски испиша историја: ПАОК првпат го освои Суперкупот на Грција
Следно„Чичарито“ се врати дома и потпиша за Гвадалахара