Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. По повеќе од четири часа игра го совлада Хуберт Хуркач од Полска со 3:2, по сетови 7:6 (4), 2:6, 6:3, 5:7, 6:4.
Противник на Медведев во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев.
ANOTHER marvellous moment in this quarterfinal match.
Hubi and Daniil have put on a show 🍿#AusOpen • @wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis#Kia • #MakeYourMove • @Kia_Worldwide pic.twitter.com/07v5L5fhSG
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2024
Иако Хуркач веднаш го загуби сервисот во првиот сет, Полјакот брзо го надополни, но загуби во тесен тај-брејк и му дозволи на Русинот да поведе. Сепак, потоа дојде до пресврт, бидејќи тој целосно доминираше во вториот сет, двапати му го одзеде сервисот на противникот и израмни. Водеше со 2:1 во сетовите кога најпрвин направи брејк во третиот сет, а потоа испушти голем број брејк топки за да ја зголеми предноста, а потоа на теренот повторно се појави Медведев.
Првиот гејм на свој сервис го загуби во четвртиот дел, а потоа на крајот од сетот направи два брејка за 7:5 и шанса за пласман понатаму во петтиот сет. Така се случи бидејќи му го одзеде сервисот на Полјакот во седмиот гејм за конечни 3:2.