Полицијата ги „дрпа“ по гради жените пред да влезат на стадион (ВИДЕО)

23826

Бизарните сцени се вообичаени на Африканскиот куп на нации, но онаа која се прослави со вирално видео е премногу дури и за континентот. Новинар на Ал Џезира, објави видео на кое се гледа како полицијата сексуално злоставува жени пред да влезе на стадионите каде што се игра Африканскиот куп на нации.

Под маската на преглед пред да влезе на трибините, што е вообичаена процедура, полицајка од Брегот на Слоновата Коска ги прегледува жените со грубо и темелно триење на нивните гради. Ова предизвика ужасни реакции кај фудбалските фанови ширум светот, но тие малку се смирија по најавата дека гледачите ги прегледува жена, а не, како што се мислеше, маж.

 

ПретходноАО: Зверев преку Алкараз до полуфинале и дуел со Медведев!
СледноСелеш: Веќе не ги бројам победите на Ноле!