Урнебесно: А зошто не игра за репрезентацијата на Франција? Па, затоа што е Јапонец!

1315

Комична сцена меѓу сопругата на претседателот на Франција Емануел Макрон, Брижит и селекторот на „триколорите“ Дидие Дешамп.

Имено Брижит и Дидие биле во заедничка посета на Универзитетската болница во Ремс во посета на болните дечиња.

Во еден момент таа го запрашала селекторот зошто во репрезентацијата не е повикан играч на Ремс, иако според неа имало таму еден што бил навистина добар. И кажале дека веројатно мисли на Јунџи Ито.

Да, да, тој Јапонецот е многу добар, зошто не е во репрезентацијата?“ прашала Брижит.

На ова Дешамп кисело се насмевнал и одговорил учтиво?

Госпоѓо, тој не е во репрезентацијата на Франција зошто е Јапонец“!

На ова сите се насмеале.

Претседателот Макрон веројатно ќе има што да и каже на својата далеку повозрасна сопруга после овој нејзин гаф.

ПретходноЛапорта: ВАР е киднапиран од страна на еден тим!
СледноСтоле не мрда од Рајо Ваљекано!