Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, кој игра на едногодишна позајмица во Рома, може да остане во римскиот клуб, но само ако Италијанците извадат на маса 43 милиони евра. Ова е сумата која Челзи ја поставил за слободата на Белгиецот.
Управата на Рома е задоволна од настапот на белгискиот напаѓач и сака да го задржи во тимот, но сумата која Челзи ја бара за него, „волчицата“ сигурно не може да ја плати. Забележано е дека Ал-Хилал продолжува да има аспирации кон Лукаку. Претставниците на Саудијците ќе стапат во контакт со Белгиецот ова лето и ќе му понудат двегодишен договор со плата од 30 милиони евра.