„Чичарито“ се врати дома и потпиша за Гвадалахара

150

35-годишниот мексикански напаѓач Хавиер Ернандез, попознат како Чичарито, се врати во Гвадалахара каде ја започна фудбалската кариера.

„Чичарито се враќа дома. Убедени сме дека неговата љубов кон Гвадалахара, искуството стекнато во текот на успешната кариера и лидерските квалитети кои го карактеризираат ќе се рефлектираат во оваа нова фаза на соработка“, соопштија од клубот.

Чичарито го напушти мексиканскиот клуб за да дојде во Манчестер Јунајтед во летото 2010 година. Ернандез потоа играше за Реал Мадрид, Баер Леверкузен, Вест Хем, Севиља и Лос Анџелес Галакси.

Во текот на својата кариера, 35-годишниот играч двапати ја освои Премиер лигата и еднаш англискиот Суперкуп, а исто така има трофеј од мексиканскиот шампионат Апертура и Голд Купот.

ПретходноИ Алжирците му удирија „клоца“ на селекторот
СледноБрестовац на клупата на Ал Сафа во С. Арабија