Атлетико последен полуфиналист во Купот на Кралот

133

Атлетико Мадрид оствари победа со 1:0 против екипата на Севиља во четвртфиналето од Купот на Кралот.

“Јорганџиите” иако се мачеа сепак на крајот успеаја да извојуваат важна победа и да проложат со учеството во шпанскиот куп. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мемфис Депај во 79-тата минута за победа на Атлетико. Мадриѓаните беа подобар ривал и константно ја притискаа одбраната на Севиља, но тие не успеаја да постигнат погодок порано. Дури Гризман имаше и промашен пенал во 26-тата минута, но сепак на крајот Атлетико успеа да победи.

Во полуфиналето Атлетико може да се сретне со Атлетик Билбао, Мајорка или пак со екипата на Реал Сосиедад.

ПретходноНов пораз за Црвена Звезда во Евролигата
СледноВојна на градови: Барселона не попушта, ќе оди до крај да ја задржи трката во Ф1