Босанскиот репрезентативец, Харис Делалиќ (29 год, 203 см) е новото засилување за МЗТ Скопје Аеродром за вториот дел од сезоната, откако денеска потпиша договор со клубот со важност до крајот на сезоната.
Тој доаѓа од таборот на Игокеа, каде што изминативе две сезони настапуваше во АБА-лигата. Кариерата ја почна во поранешниот европски шампион Босна, а има играно уште за екипите на Челик Зеница, Слобода Тузла, како и на белгиските прволигаши Шарлоа и Леувен.
Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува на претстојниот турнир од АБА2, кој ќе се одржи во Нови Сад во периодот помеѓу 29 јануари и 4 февруари, а каде што МЗТ ќе игра со Шенчур, Шибенка и со Војводина.