23-годишниот голман Методија Велковски е нов играч на ФК Вардар. Вечерва од клубот потврдија дека Велковски е најновто име во составот на Горазд Михаилов.
Тој потекнува од фудбалска академија на Вардар, а во досегашниот тек на својата кариера беше дел од екипите на Силекс, Струга, Осогово и Кадино.
Велкоски воедно ги има поминато и сите младински селекции на репрезентацијата на Македонија.