Дерби број 164: Работнички го нема победено МЗТ Скопје од април 2021 година!

197

Кошарката во Македонија целосно се буди, а за тоа се заслужни двата најголеми градски ривали, МЗТ Скопје и Работнички. Вечерва (19 часот) во салата „Независна Македонија“ се игра вечното дерби број 164. Ова е меч од 15-то коло во Првата лига, втора пресметка оваа сезона.

Бројките и фактите доволно говорат за историјата на овие градски пресметки. Иако актуелниот македонски првак доминира во последните години, сепак Работнички е во водство кога станува збор за вкупниот број на победи, има 91 триумф, додека на другата страна „сино-белите“ имаат славено на 72 меча.

Кога сме кај доминацијата на МЗТ Скопје вреди да се напомене дека Работнички последен пат го победил својот ривал во април 2021 година, во првенствен меч (74-75). Од оваа средба, двата тима се сретнале осум пети, на сите средби славел тимот од Аеродром, една од нив е во Купот на Македонија. Последниот натпревар се одигра во октомври минатата година, а МЗТ Скопје беше убедлив со 59-73.

На овој дерби меч нема да има гостински фанови со оглед на капацитетот на салата во Кисела Вода. МЗТ Скопје пред два дена се огласи и за причината, од раководството на Работнички многу одамна побарале да биде помесетен дерби дуелот, но добиле негативен одговор.

ПретходноГоце Јовчев замина од Вардар за да брани во ФК Скопје
СледноГРК Охрид ги продолжи договорите со петмина ракометари