Чичарито се врати во матичниот клуб, дури и Алекс Фергусон му честиташе

402

Мексиканскиот напаѓач Хавиер Хернандез Чичарито се врати во својот матичен клуб Чивас. Тој потпиша едногодишен договор со клубот од Гвадалахара, веројатно и тука ќе ја заврши кариерата, а поради трансферот се јави и големито Сер Алекс Фергусон кој му испрати порака на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Чичарито, овде твојот поранешен шеф. Сакам да ти честитам на враќањето во твојот поранешен клуб во Мексико, каде што ја почна кариерата. Таму е најдов, потпишав договор и ти беше фантастичен за нас. Имаше одлична кариера. Сега кога е враќаш во својот прв клуб, можеш да го пренесеш твоето искуство на сите играчи таму. Уживај и постигнувај уште многу голови. Се најдобро“, порача Фергусон во видео порака која ја објави клубот од Олд Трафорд.

Чичарито освен за Чивас и Јунајтед играше и за Реал Мадрид, Баер Леверкузен, Вест Хем, Севиља и Лос Анџелес.
Немам зборови со кои можам да опишам колку ми значите. Тоа што бев еден од вашите играчи би претставува чест. И благодарам на мојата втора фамилија, Манчестер Јунајтед на прекрасните спомени и што ми дозволи да бидам дел од нивната историја. Еднаш црвен, секогаш црвен“, ,порача Мексиканецот.

ПретходноШкендија тргна со убедлива победа над Скопје
СледноЖенг по историја, станата втората кинеска тенисерка во финале на Гренд слем турнир