Арина Сабаленка е првата финалистка на Астралијан Опен

90

Арина Сабаленка се најде на чекор до одбрана на титулата на Австралија Опен. Белоруската тенисерка се пласираше во финалето, откако ја победи Коко Гоф со 2-0 по сетови 7:6 и 6:4, во меч кој траеше еден час и 44 минути.

Во првиот сет двете тенисерки три пати направија брејк и двете имаа сервис за предност од 1:0 во сетови. На крајот се играше тај-брејк, во кој Сабаленка доминираше (7:2).

Противничка на Сабаленка ќе биде подобрата од второто полуфинале меѓу Јастремска и Џенг.

ПретходноГРК Охрид ги продолжи договорите со петмина ракометари
СледноЧави по елиминацијата: Горд сум на моите играчи!