Брегалница се раздели со двајца играчи

261

Македонскиот прволигаш Брегалница објави дека ја прекинува соработката со левиот бек Зоран Андонов и голманот Кире Новаков. Раскинот на договорите е спогодбен што значи дека тие како слободни фудбалери можат да направат трансфер во други клубови.

Клубот од Штип ги продолжува подготовките за вториот дел од сезоната во ПМФЛ, а во недела ќе одигра пријателски меч со Детонит.
Брегалница го заврши првиот дел на 11 место во ПМФЛ, а во вториот дел на сезоната ќе се борат за опстанок.

ПретходноБјелица суспендиран поради инцидентот со Лирој Сане
СледноМЛС му блокира трансфер на Далас затоа што преговарал со клуб од Русија