Шкендија тргна со убедлива победа над Скопје

848

Екипата на Шкендија оствари победа во дуелот со второлигашот ФК Скопје во пријателски меч одигран во Тетово. За „црвено-црните“ ова е прв пријателски натпревар во контролниот период, а славеа убедлива победа од 6:0, а четири гола беа постигнати во првото полувреме.
Резултатот го отвори Јилдрит Меџити во 8 минута, а потоа два гола даде Алмир Аганспахиќ и третиот гол го постигна Веби Ислами во 41 минута.

На стартот на второто полувреме уште два гола, ги постигнаа Ендрид Красниќи и Фитон Адеми.

Инаку првиот меч на Шкендија со Арсими беше одложен поради снег, а следните натпревари на Шкендија се во Анталија. На 28 јануари ќе игра со Динамо Батуми, потоа на 1 февруари со Варта Познањ, па со Лиепаја на 5 февруари и на крајот, на 9 февруари со Динамо Киев.

ПретходноОфицијално: Андриј Шевченко е нов претседател на ФA на Украина
СледноЧичарито се врати во матичниот клуб, дури и Алекс Фергусон му честиташе