Дојдовме до последните и најважни битки на Европското првенство кое се одржува во Германија, а на кое учество зема и Македонија. Нашите ракометари имаа пеколна група, а дека навистина е така говори фактот дека две репрезентации од групата А, ќе играат полуфинале на овој континентален собир. Тоа се Франција и Германија, првата ќе ги одмери силите со Шведска, додека втората до Данска. Битките за место во финалето на програмата се утре, а пред нив ќе следи мечот за петтото место меѓу Словенија и Унгарија.
По завршување на главната рунда, веќе е исцртан пласманот на репрезентациите кои се спакуваа. Хрватска ова ЕП ќе го заврши на 11. место што пак е втор најлош пласман на оваа земја. Во 2002 година, „коцекстите“ завршија на 16-то место.
Најголемото разочарување е Шпанија која се спакува после групната фаза. „Фуријата“ заврши на 13-то место, што пак е најслаб резултат во историјата на овој спорт.
Португалија е седма, зад не а Австрија, следат, Норвешка, Исланд, Хрватска и Холандија. Кој ќе биде на тронот на Европа, дали Шведска ќе успее да испише уште една бајка или пак златниот медал ќе му припадне на некој друг, останува да видиме во деновите што следуваат.
УТРЕ НА ЕП
Меч за 5 место
15:00 Словенија – Унгарија
Полуфинале:
17:45 Франција – Шведска
20:30 Германија – Данска