Со денови се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата легендарниот Карим Бензема. Медиумите го преселија во Челзи, Арсенал, Лион, вчера се појави информација дека и Манчестер Јунајтед го сака.
За сето ова време Французинот кој има астрономски договор со Ал Итихад не се огласи, а синоќа изгледа реши да стави крај на сите овие гласини и јасно стави до знаење дека нема намера да ја напушти Саудиска Арабија, иако не змаина на мини – подготовките за Дубаи.
„Чиста лага! Француските медиуми веќе не знаат што да измислат. Колку е поголема лагата, толку е подобро“, одговори синоќа Бензема на прашањето дали ќе го напушти Ал Итихад.
Францускиот напаѓач минатата година по 14 сезони го напушти Реал Мадрид и се пресели во Ал Итихад, каде не пружа игри на кои се навикнати љубителите на фудбалот.