Младинскиот репрезентативец Максимов потпиша за клуб од Норвешка

1175

Македонскиот младински фудбалски репрезентативец, Методи Максимов ќе игра за норвешки Алесунд. Поранешниот играч на Брегалница, Работнички и Шкендија направи трансфер во австриски ЛАСК со договор до 2028 година, а овој клуб го испрати на позајмица во Алесунд за новата сезона во норвешкиот шампионат со договор до 2025 година.
Спортскиот директор на норвешкиот клуб, Бјорн Ерик Меланд посочи дека Максимов може да продолжи да игра за нив и понатаму.
„Максимов е енергичен, брз и офанзивен десен бек. Има голем потенцијал. Мислам дека бргу ќе се вклопи овде и ќе се развие во уште подобар фудбалер“, изјави Меланд за клупскиот сајт.
Максимов игра за У21 репрезентацијата на Македонија.

ПретходноЖенг по историја, станата втората кинеска тенисерка во финале на Гренд слем турнир
СледноУтрината пристигна во Шпанија од БС Коска, а вечерта ја елиминира Барселона во Купот