Наполи нема намера да запре со трансфери оваа зима. Италијанските медиуми и експертот за трансфери Фабрицио Романо пренесуваат дека „наполитанците“ се многу блиску до ангажман на дефанзивецот на Удинезе, Нeоен Перез.
Според информациите, 23-годишниот аргентински централен дефанзивец ќе го чини Наполи 16 милиони евра, а планирани се уште 2 милиони евра во форма на можни дополнителни бонуси. Поранешниот клуб на перез, Атлетико Мадрид ќе добие процент од сумата. Личните услови на играчот се веќе договорени.
Во 2018 година, Перез му се приклучи на тимот на Диего Симеоне, но беше позајмуван во неговата родна Аргентина во повеќе тамошни клубови. Перманентен трансфер направи во Удинезе во 2022.