Нов пораз за Црвена Звезда во Евролигата

158

Кошаркарите на Црвена Звезда претрпеа пораз од 89:80 во вечерашниот натпревар против Алба Берлин во 23-тото коло од евролигата. По поразот од Асвел “црвено-белите” не успеаја да победат на вториот гостински натпревар по ред и така си ја одредија својата судбина за пласман во плеј-офот.

Со овој пораз Звезда се наоѓа на 15-тата позиција на табелата и ќе треба многу да се помачи за да биде меѓу првите 10 тима. Со оглед на распоредот на Звезда до крајот на регуларниот дел од натпреварувањето, тешко е да се замисли дека тие ќе бидат учесници во плеј-офот.

Црвена Звезда подобро го отвори натпреварот со неколку погодени тројки, но домаќините набрзо се консолидираа и ја преземаа иницијативата. На полувреме белграѓаните заминаа со негатива од 15 поени (51:36). Во вториот дел Недовиќ со неколку брзи поени ја врати Звезда во игра, но набрзо одговор имаше Браун кој повторно го врати високото водство на Алба. До крајот на мечот Звезда ја намалуваше разликата но не успеа целосно да се поврати во натпреварот и на крајот тоа ги чинеше нов пораз.

Вечерва најмногу поени уфрли Матеус со 20 поени за Звезда, а на другата страна најефикасен беа Томас со 19 и Просида со 17 поени.

ПретходноНаполи не застанува, купува дефанзивец од Удинезе
СледноАтлетико последен полуфиналист во Купот на Кралот