Потврдени можните ривали на Македонија во баражот за СП 2025

4172

Во пресрет на последните пет натпревари на ЕП 2024, ЕХФ денеска го потврди рангирањето на екипите за престојните баражи за пласман на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка во 2025 година.

Трите најдобро рангирани селекции од ова ЕП, освен домаќините Хрватска, Данска и Норвешка, се квалификуваат директно за Светското првенство во 2025 година. Тоа се Франција, Германија и Шведска, кои заедно со Данска ќе ги одиграат полуфиналните натпревари.

Останатите 11 места ќе се пополнуваат преку баражи.

Единаесетте репрезентации во првиот шешир на носители се репрезентациите рангирани до17 место на ова ЕП. Тоа се: Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Црна Гора, Чешка, Полска и Македонија.

Во вториот шешир на неносители се седумте преостанати селекции од ЕП од 18 до 24 место, плус четири тима од квалификациската фаза 2 за Светското првенство. Тоа се селекциите на Грузија, Србија, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина и четирите селекции од квалификациската фаза 2.  Ждрепката за мечевите од плеј-офот е планирана за сабота, 27 јануари 2024 година.

ПретходноМЛС му блокира трансфер на Далас затоа што преговарал со клуб од Русија
СледноЕлмас одговара: Тавче гравче пред Селско месо, Роналдињо идол, најдраг заменет дрес оној на Буфон!