Утрината пристигна во Шпанија од БС Коска, а вечерта ја елиминира Барселона во Купот

249

Атлетик Билбао ја елиминираа Барселона во Купот на кралот со 4:2 и тоа по продолженијата. Главен јунак беше Ињаки Вилијамс, фудбалерот од Гана.
Во регуларните 90 минути беше 2:2, Вилијамс влезе во игра во 60 минута, а во 107 минута постигнува гол за предност на Билбао (3:2) и во 121 минута му асистираше на брат му Нико Вилијамс за конечни 4:2.
Инаку, Ињаки утрината пристигнал од БС Коска во Шпанија, а вечерта играше против Барселона. Гана ги заврши настапите на Африканскиот куп уште во групната фаза.

ПретходноМладинскиот репрезентативец Максимов потпиша за клуб од Норвешка
СледноПотврдено: Леклер останува во Ферари