Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, изјави дека е горд на своите играчи по поразот од 4-2 од Атлетик Билбао и елиминацијата на Кралскиот куп. Тој верува дека тимот дал се против многу силен противник.
“Се обидовме да пробаме се. Бевме рамноправни против одлична екипа која играше многу силно на домашен терен. Поведовме и потоа имавме шанса да постигнеме победнички гол, но промашивме. И по ждрепката реков дека овој пат немавме среќа со противникот што ни се падна. Можеме да бидеме горди што дадовме се од себе.
На крајот го загубивме фокусот и имаше некои грешки. Фудбалот е игра на грешки и не успеавме да ги минимизираме. Сега треба да се опоравиме и добро да се подготвиме за претстојните битки во Ла Лига и Лигата на шампионите“, изјави Чави.