Мексиканскиот напаѓач Хавиер Хернандез Чичарито се врати во својот матичен клуб Чивас. Тој потпиша едногодишен договор со клубот од Гвадалахара, веројатно и тука ќе ја заврши кариерата, а поради трансферот се јави и големито Сер Алекс Фергусон кој му испрати порака на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.
„Чичарито, овде твојот поранешен шеф. Сакам да ти честитам на враќањето во твојот поранешен клуб во Мексико, каде што ја почна кариерата. Таму е најдов, потпишав договор и ти беше фантастичен за нас. Имаше одлична кариера. Сега кога е враќаш во својот прв клуб, можеш да го пренесеш твоето искуство на сите играчи таму. Уживај и постигнувај уште многу голови. Се најдобро“, порача Фергусон во видео порака која ја објави клубот од Олд Трафорд.
Чичарито освен за Чивас и Јунајтед играше и за Реал Мадрид, Баер Леверкузен, Вест Хем, Севиља и Лос Анџелес.
„Немам зборови со кои можам да опишам колку ми значите. Тоа што бев еден од вашите играчи би претставува чест. И благодарам на мојата втора фамилија, Манчестер Јунајтед на прекрасните спомени и што ми дозволи да бидам дел од нивната историја. Еднаш црвен, секогаш црвен“, ,порача Мексиканецот.
Always classy, Sir Alex 🫶
A heartfelt message for @CH14_ ahead of his return to his hometown club @Chivas 🇲🇽#MUFC || #HO14CHICHARITO
— Manchester United (@ManUtd) January 24, 2024
🔙 Se fue, hizo historia y hoy está de vuelta en casa 🔴⚪️ #HO14CHICHARITO 👋🫛 pic.twitter.com/cg71vBU1cj
— CHIVAS (@Chivas) January 24, 2024