Њукасл и Баерн не можат да се договорат за цената на Трипие

199

Иако светските медиуми објавуваат дека фудбалерот на Њукасл, Киран Трипие е подготвен да се премести во минхенски Баерн, сепак, новите информации од северот на Англија велат дека десниот бек не е на продажба.

Наводно, искусниот дефанзивец сака да ја промени средината уште оваа зима, но Баерн никако да постигне договор со англискиот тим. Баерн му понудил на Њукасл 13 милиони за 33-годишникот, па сега се чека позитивен одговор од “страчките”.

Баерн веќе подолго време е во потрага по решение за десната бековска позиција, а како можна опција се споменуваше и францускиот репрезентативец Норди Мукиеле. Киран Трипие во последно време не е во најдобра форма, но сепак неговото искуство го натера Баерн да тргне по неговиот потпис.

ПретходноЛиверпул со реми против Фулам до финале во Карабао Купот (ВИДЕО)
СледноЕмотивна вечер, Голден стејт се збогува со Милојевиќ (ВИДЕО)