14 поени на Јакимовски во победата на Вашингтон!

179

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон ја запишаа четвртата победа во последните пет натпревари. Овој пат беа убедливо подобри од Јута со 79-57.

Јакимовски продолжи со добрите игри во НЦАА-лигата. Мечот го заврши како втор стрелец, зад своето име запиша 14 поени, три скока и една асистенција за 35. минути во игра. Македонскиот репрезентативец имаше 5/10 од поле.

Вашингтон овој дуел го реши во второто полувреме, откако на одморот резултатот беше 33-30.

ПретходноНавивач го пцуел цел меч, Дончиќ побарал да биде исфрлен (ВИДЕО)
СледноШпанците по стапките на Германците: Ќе уриваат рекорд, финалето сакаат да се игра на „Сантијаго Бернабеу“