На два дена пред заминувањето за Анталија во Вардар има корекција на списокот на патници. Голманот Гоце Јовчев одлучи да ги напушти „црвено-црните“ и да бара предизвик во друг клуб.
Неговата одлука е ФК Скопје – Автокоманда и таму младиот голман ќе бара минутажа за да ги потврди своите голмански квалитети. Тој лани беше втор голман во Вардар каде главен чувар на мрежата е Филип Гачевски, но имаше можности и натпревари на кои Јовчев можеше и требаше да добие шанса.
Одлуката да замине во Скопје неколку дена, откако Вардар одлучи да го ангажира млад голман од Силекс, иако зимава клубот бараше и требаше да ја засили голманската пизиција со многу поквалитетно име.