ГРК Охрид ги продолжи договорите со петмина ракометари

124

Покрај ангажман на нови засилувања, ГРК Охрид го продолжи договорот со петмина стандардни играчи, кои се обврзаа на верност кон клубот до 2026 година. Од клубот порачаа дека продолжуваат си градењето на силна екипа која ќе цели високо.

Капитенот Иван Тасески е еден од ракометарите кој доби договор до 2026 година, како и најголемиот талент, Никола Шипинкоски.

Во составот на ГРК Охрид во следните две години ќе го гледаме Гал Цирар, најдобриот стрелец на тимот, а исто така верен останува пивотот Владимир Бојаниќ. Двајцата имаат договори до 2026 година.

Столбот на одбраната, Милорад Кукоски, пак го продолжи договорот до 2025 година.

ПретходноДерби број 164: Работнички го нема победено МЗТ Скопје од април 2021 година!
СледноАрина Сабаленка е првата финалистка на Астралијан Опен