Емотивна вечер, Голден стејт се збогува со Милојевиќ (ВИДЕО)

515

Познатиот српски кошаркар и тренер Дејан Милојевиќ почина минатата недела на 47-годишна возраст од срцев удар, а сите во Голден Стејт, тимот во кој работеше од 2021 година како помошник на Стив Кер, останаа во шок и не можеа да одат во суд со денови. НБА лигата ги одложи натпреварите против Јута и Далас, па претходната вечер Вориорс за првпат беа на паркетот по смртта на Милојевиќ.

Очекувано беше многу емотивно – кошаркарите носеа маички со натпис „Брате“, имаа посебен детал на дресот, а пред натпреварот Стив Кер одржа трогателен говор кој ги остави сите во солзи. Исто така, беше пуштена и посебна снимка од благодарност до Милојевиќ, интонирана химната на Србија, додека во салата беа неговите најблиски роднини – сопругата Наташа и двете деца (Никола и Маша).


Далас не успеа да искористи уште едно извонредно издание на Лука Дончиќ. Словенецот беше на чекор до трипл-дабл, а неговиот тим беше убедливи совладан од Феникс со 132-109 на домашен терен.

Дончиќ мечот го заврши со 34 поени, 8 скока и 9 асистенции, на другата страна кај победникот, Брукер запиша 46 поени и 7 скока.

Феникс има скор26/18 и се наоѓа на шестото место, додека пак Далас со 24/20 е осми во Западната конференција.

Резултати: Детроит – Шарлот 113-106м Вашингтон – Минесота 107-118, Мајами – Мемфис 96-105м Хјустон – Портланд 131-137 (прод.), Милвоки – Кливленд 126-116, Далас – Феникс 109-132, Сан Антонио – Оклахома 114-140, Голден Стејт – Атланта 134-112.

ПретходноЊукасл и Баерн не можат да се договорат за цената на Трипие
СледноНавивач го пцуел цел меч, Дончиќ побарал да биде исфрлен (ВИДЕО)