Навивач го пцуел цел меч, Дончиќ побарал да биде исфрлен (ВИДЕО)

1853

Лука Дончиќ побара од обезбедувањето да го исфрли навивачот кој го пцуел цел натпревар, додека медиумите во САД објавија дека тоа е поради мало „прозивка“.

Далас доживеа убедлив пораз од Феникс 132:109, со одличната партија на Девин Букер кој постигна 47 поени и со тоа „одговори на критиките“ дека редовно губи од Лука Дончиќ.

Еден навивач на Санс, кој седеше во вториот или третиот ред зад новинарите, постојано го довикуваше Дончиќ за време на натпреварот, што го слушна Словенецот. Тој му рекол дека, меѓу другото, е „уморен и дека растураат“, на што Лука во еден момент се свртел и побарал од обезбедувањето да го исфрлат од салата.

Дончиќ поради нервозното однесување доби и техничка грешка поради приговор кон судијата, а еден од новинарите – кој пишуваше за грешка на Словенецот – го праша за таа ситуација на прес-конференцијата. Тоа не му се допадна на Дончиќ.

„Видов што кажа за навивачот, не е вистина, не е единственото што го кажа. Нема да го повторам тоа што го кажа, но знаев ти би бил првиот што ќе го направи тоа, секогаш го правиш тоа, пишуваш само лоши работи за мене“, рече Лука Дончиќ и објасни дека побарал да биде избркан затоа што го пцуел цел натпревар.

ПретходноЕмотивна вечер, Голден стејт се збогува со Милојевиќ (ВИДЕО)
Следно14 поени на Јакимовски во победата на Вашингтон!