Од соседна Србија доаѓаат информации дека пријателскиот дуел меѓу Јединство и Искра, кој бил одигран во септември минатата година бил наместен, открива УЕФА.
Од Европската „куќа на фудбалот“ оваа констатација ја потврдија со докази, поточно со меморандум за уплати на 4+ кои биле во милиони. Четворица фудбалери на Искра платиле вкупно 10.105 евра дека ќе има 4 или повеќе голови на овој натпревар.На крајот мечот завршил со 4:0.
Фудбалскиот сојуз веднаш излегол со казни и тоа драконски. Фудбалерите кои се вмешани во скандалот и се членови на Искра имаат забрана за играње на фудбал девет месеци, додека на самиот тим ќе му бидат одземени 12 бодови, како и ќе плати парична казна од 1.200.000,00 динари.