Европското првенство во ракомет кое полека изминува и дојде до полуфиналните битки ќе биде меѓудругото запаметено по рекордната посетеност на првите мечеви од групата А кои се одриграа во Дизелдорф. Германците одлучија да го урнат рекордот, па стадионот „Меркур Шпил Арена“ го претворија во сала, на дуелите меѓу Македонија – Франција и Германија – Швајцарија имаше 53.586 гледачи.
Оваа идеја на Германците ги поттикна Шпанците да направат уште поголем чекор. Шпанија е еден од домаќините на ЕП 2028 година, а веќе се размислува финалето да се игра на „Сантијаго Бернабеу“. Доколку ова се оствари ќе имаме нов рекорд по гледаност на еден ракометен натпревар.
„Пред тој натпревар во Дизелдорф јас не бев за финалето на фудбалскиот стадион., бидејќи ризикот беше преголем тоа да не функционира и да му се наштети на натпреварот. Сега, меѓиутоа, мислам дека финалето може да се игра на стадионот доколку организаторите се доволно професионални. Името ‘Сантијаго Бернабеу’ звучи добро“, откри Михаел Видерер, првиот човек на ЕХФ.